THERAPY AIR®
Шифра: PWC-503 (сив) & PWC-504 (разнобоен)

Therapy Air® е одговор на еден од најсериозните проблеми на нашето време: ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ ВО ЗАТВОРЕНИТЕ ПРОСТОРИИ

ПРОБЛЕМ

СЕКОЈА ГОДИНА МИЛИОНИ ЛУЃЕ УМИРААТ
ЗАРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО ЗАТВОРЕНИТЕ ПРОСТОРИИ

НЕМА МЕСТО ЗА КРИЕЊЕ!
Загадувањето на воздухот го засега секого. Од него не можеме да се скриеме. Постојано сме опкружени со загадувачи и токсини што ги внесуваме преку дишењето, особено во нашите сопствени домови!
Нивоата на загадувањето на воздухот во домовите може да биде од 2,5, па и до 100 пати повисоки отколку на отворено! (Извор: Американско белодробно здружение и истражувањето на 3М, 2002)

Со секој здив, ние вдишуваме од 40.000 до 75.000 честички прашина.
Еден грам прашина содржи 700 милиони различни составни честички, кои заедно претставуваат огромна закана за нашето здравје. Со текот на еволуцијата организмот се прилагодил да се бори со прашината, но денес прашината има сосема поинаков состав и е многу поштетна. Заради ова, Американската агенција за заштита на околината (EPA) го вбројува лошиот квалитет на внатрешниот воздух помеѓу петте најголеми еколошки закани за јавното здравје!

Ние поминуваме 90% од нашето време во затворен простор – тоа значи дека 90% од нашето време дишеме рециклиран воздух. Рециклирањето на воздухот, особено во вообичаените системи за вентилација, значи дека прашината, мувлата, бактериите, вирусите, тутунскиот чад и различните хемикалии и другите токсини се натрупуваат, и нивните количества се зголемуваат со повторната употреба на воздухот!

Човечкото тело не е создадено да се бори со овие напади на нашето здравје!
Дејството е бавно и тивко. Ние може да не ја искусиме вистинската штета направена на нашето тело и по неколку години по изложувањето!

РЕШЕНИЕ:

Therapy Air® нуди значително олеснување од загадувањето на воздухот во затворените простории, и повторно ни овозможува да дишеме чист воздух. Нашиот дом и канцеларија ќе бидат поздрави места за живот и дишење. Прашината, бактериите, вирусите, чадот од тутун и другите загадувачи ќе бидат отстранети. Луѓето ќе ја забележат разликата кога ќе влезат во просторијата со Therapy Air®! Соработниците, клиентите и челновите на семејството, особено оние кои страдаат од алергии, конечно ќе почувствуваат олеснување и ќе можат лесно да дишат.
Zepter-овиот Therapy Air® го намалува загадувањето од прашината, освежувачите на воздух, чад од тутун, полен, огништата, пестицидите, аеросолните спрејови, растителните спори, навлажнувачите, шпоретите на дрва, првутот од животни и мувла. Нека Therapy Air® го филтрира нашиот воздух наместо нашето тело!

  • Ги уништува бактериите, мувлата и вирусите во воздухот во затворените простории
  • Ги неутрализира непријатните миризби
  • Ја подобрува добросостојбата со помош на природната Swisso Logical аромотерапија
  • Им олеснува на лицата кои страдаат од алергии и астма

    THERAPY AIR® ГО ПРОЧИСТУВА ВОЗДУХОТ СО МОШНЕ ЕФИКАСЕН ПРОЦЕС ОД 3 ЧЕКОРИ

    1.Микрофилтер: го отстранува загадувањето на воздухот
    2.Модулот за активирање на кислородот создава озон кој ги уништува микроорганизмите и преостанатите загадувачи кои се насобираат на...
    3....Катализаторот. Бактериите, габите итн. се отстрануваат со крајно делотворен и сосема безбеден процес. Озонот се отстранува од издувниот воздух.

    Последно но не и неважно:
    Аромотерапијата се ослободува од садот со Swisso Logical гел и го збогатува прочистениот воздух со со микрочестички со природна арома

    УНИШТЕТЕ ГИ БАКТЕРИИТЕ И ВИРУСИТЕ
    СО НАЈЕФИКАСНИОТ ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХОТ!

    ЗА ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ZEPTER-овиот THERAPY AIR®,

    www.therapyair.com

  • © ZepterIT 2009