Нашиот апарат Cleansy Mag е испитуван во времетраење од 38 месеци.

  • Испитувањето е извршено во пералната на еден од детските домови во Варшава каде што се користат две машини за перење алишта од ист модел и исти технички параметри. Cleansy Mag бил поставен на доводната цевка на една од машините за перење.
  • За време на испитувањето двете машини работеле со исти циклуси на перење, со примена на исти детергенти и со еднаква зачестеност на користење.

За време на овој период:

  • секоја машина извршила по 3.330 циклуси на перење,
  • што одговара на проток од по 196.470 литри вода низ секоја од нив. Во просек, при еден циклус на перење се трошат 59 литри вода,
  • времето на работење на секоја од машините за време на испитувањето е приближно еднакво на времето на работа при 15 години користење на машината за перење во вообичаено (четиричлено) домаќинство.
  • по периодот на испитување (38 месеци) машините за перење се расклопени и ремонтирани.

Резултати од ремонтот.

Оние елементи на машините за перење кои се особено изложени на бигорот имале помало количество на бигор кај машината на која бил инсталиран Cleansy Mag во однос на машината на која не бил инсталиран Cleansy Mag.

За споредба, погледнете ги долунаведените фотографии.


Заклучок:

Резултатите на испитувањето ја потврдуваат делотворноста на магнетскиот омекнувач на водата Cleansy Mag.
Испитувањето востановило помало количество на бигор на деловите на машината за перење, т.е.: барабанот, греачот и доводните цевки, кога бил користен Cleansy Mag.